Во тимот на Феникс недостасуваа двајцата олстар бекови, Крис Пол и Девин Букер, но тоа не беше проблем за „сонцата“ да слават против Портланд со 120:90.

Пол е надвор од терените од 16 февруари поради повреда на палецот на десната рака, додека Букер го пропушти натпреварот поради тоа што ден претходно беше ставен во здравствен протокол за Ковид.

Во отсуство на бековскиот тандем, Камерон Џонсон постигна 20, а Деандре Ејтон 18 за Феникс, во чии редови имаше шест кошаркари со двоцифрен учинок.

Брендон Вилијамс со рекордни во кариерата 14 поени беше најефикасен кај Портланд, кој по олстар викендот загуби три натпревари со поа најмалку 30 поени разлика.

Резултати од останатите натпревари:

Кливленд – Шарлот  98:119

Орландо – Индијана  114:122 (прод.)

Филаделфија – Њујорк  123:108

Хјустон – Јута  127:132 (прод.)

Милвоки – Мајами  120:119

Њу Орлеанс – Сакраменто  125:95

Денвер – Оклахома  107:119



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.