Заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ, објави дека главниот град на Србија го посетиле 20.000 гости за време на завршниот турнир во кошаркарската Евролига, истакнувајќи дека градот инкасирал речиси 30 милиони евра од организација на фајнлфорот.
Белград втор пат во последните четири години беше домаќин на завршниот турнир во Евролигата, а четирите натпревари беа пренесувани во повеќе од 70 држави.
– Уште една победа на Белград затоа што бевме храбри и се кандидиравме за организација на турнирот кога никој друг во Европа не се осмелуваше. Не беше лесно да се надмине турнирот од 2018 година, но организацијата на овој турнир беше уште подобра, оцени Весиќ.
Титулата европски првак ја одбрани Анадолу Ефес совладувајќи го Реал Мадрид во финалето, додека Барселона беше поуспешна од Олимпијакос во натпреварот за третото место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.