Мајами го победи Бостон со 111:105 во вториот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА плејофот. Ова беше втора победа на „жешките“ на теренот на Селтикс за водство од 2-0 во серијата прв до четири.

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум со 34 поени, при тоа додавајќи и 13 скока, но тоа беше недоволно за неговиот тим да избегне пораз.

Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 27 поени и Бам Адебајо со 22 поена и 17 скокови.

Следните два натпревара ќе се играат во Мајами.

 

И во финалето на Западната конференција резултатот е 2-0. Таму Денвер нагетс го искористи домашниот терен на првите две средби со Лос Анџелес лејкерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.