Една од најчудните и најкоментирани работи кои се случуваат на Светското првенство во Катар, се долгите судиски продолженија кои се случуваа на сите натпревари без исклучок. Според статистиката, во четири досегашни натпревари, прекините биле над 45 минути. Само на натпреварот меѓу Англија и Иран првото полувреме беше продолжено за 14 минути, а второто за 10 минути.
4 – The four single halves with the most stoppage time on record (since 1966) in a single #WorldCup match have all been today:#ENGIRN 1st half (14:08)#ENGIRN 2nd half (13:08)#USAWAL 2nd half (10:34)#SENNED 2nd half (10:03)
Prolonged.
— OptaJoe (@OptaJoe) November 21, 2022
Фудбалската публика е навикната, на три, четири, па и пет минути продолжување, а легендарниот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина, кој е и прв човек на судиската организација ФИФА, објасни зошто годинава тоа не е пракса.
Сакаме да избегнеме да има само 42, 43 или 44 минути ефективно играње на теренот, сакаме да го надоместиме времето поминато на замени, пенали, прослави, медицински интервенции или гледање ВАР, изјави Колина.
Нивните очекувања се дека одолговлекувањето на времето од страна на фудбалерите ќе биде сведено на минимум, зошто секој „украден“ момент или доцнење кога ќе се прекине играта, ќе биде надоместен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.