Навивачката група Комити информира дека животот го загубил нивниот член Дарко Смоковски – Смок.

Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!

 

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

 

Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.

 

Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)
Засекогаш дел од нас! 🔴⚫️, информираат од навивачката група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.