Откако хрватската репрезентација го совлада Мароко со 2:1, со што го освои третото место на Светското првенство во Катар, илјадници навивачи излегоа на улиците на Загреб да ја прослават оваа победа.
Тие се движат по улиците и плоштадите во градот со запалени факели и развиорени знамиња, додека на повеќе локации во главниот град на Хрватска светкаат огномети.
Слична слика е забележана во сите градови во државата.
Хрватите по втор пат во својата историја го освоија бронзениот медал на фудбалските Мундијали. Претходно тоа се случи на Светското првенство во Франција во 1998 година. Нивниот најдобар резултат останува второто место на Светското првенство во Русија 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.