Голот на Александар Трајковски против Италија целосно го шокира фудбалскиот свет, каде што се уште се зборува за спектакуларната и сензационална победа на Македонија.

За него тоа беше особено драг гол, не само што ја однесе Македонија во финалниот бараж за Мундијалот, туку и затоа што е постигнат на стадионот што за Трајковски беше домашен терен. Токму на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, во мај 2019 година на мечот проти Цитаделата, Трајковски го постигна својот последен гол во клупски дрес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)

По големиот успех, честитки за Трајмовски пристигнуваат од сите страни, но една од најважните и за него најдрагите дојде од неговата сопруга Александра, која има српско потекло.

„Вечерва Македонија е горда! Вечерва е горд секој човек што те познава. А јас … горда сум и кога губиш и кога победуваш! Ти благодарам за овој момент, ти благодарам за овие солзи радосници, ти благодарам што секогаш размислуваш на нас! Ти благодарам што секогаш ме правиш најгорда жена! Те сакам – напиша воодушевената Александра на социјалните мрежи.

По игхрањето за Палермо, Трајковски се пресели се пресели во Мајорка, по што беше позајмен во Алборг, а потоа кариерата ја продолжи во Ал Фахја од Саудиска Арабија.

Секако, низ сите овие чекори во кариерата, Сандра остана најголема поткрепа и инспирација за добри игри на херојот на Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.