Поранешниот австриски фудбалер и репрезентативец Волкан Кахраман е убиен на улиците во Виена по расправија во кафе-бар. Неговиот убиец подоцна си го одзел животот.
Австриските медиуми шпекулираат дека причина за оваа трагедија е љубомората. Оттаму додаваат дека на местото на несреќата се собрале членови на семејството на двајцата починати и дека меѓу нив дошло до конфликт.
Истрагата досега утврди дека овие лица биле во пријателски односи – изјави портпаролот на виенската полиција и додаде дека општата безбедност не била загрозена.
Кахраман играше за јуниорскиот тим на Австрија од Виена и важеше за најголем австриски талент. На 15 години се пресели во холандски Феенорд. Подоцна играше во Турција, а кариерата ја заврши во Австрија.
Тој одигра три натпревари за националниот тим во текот на есента 2002 година.
Подоцна се посвети на тренерската работа, а последна работа му беше во нисколигашот Остбан.
Изгубив добар пријател, брат и учител. секој ден поминувавме по седум дена на теренот и надвор од него, се познававме со години – изјави Рамазан Карач, спортски директор на споменатиот клуб и пријател на жртвата Кахраман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.