Фудбалските натпревари во сите турски лиги се прекинати на неодредено време поради напад на судијата Халил Умут Мелер по натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор во 15. коло од националниот шампионат (1:1), соопштија од прес-службата на Фудбалската федерација од Турција.
– Овој грозоморен напад беше извршен не само против Халил Умут Мелер. Овој нехуман и грозоморен напад беше извршен врз целиот турски фудбал. Со одлука на Управниот одбор на Турската фудбалска федерација, натпреварите во сите лиги се одложени на неодредено време, се вели во соопштението.
Се забележува и дека против сторителите и поттикнувачите на нападот се покренати кривични пријави. Се бараат најстроги казни за одговорниот клуб, неговиот претседател, менаџерите и сите кои го нападнаа судијата.
На крајот од натпреварот, претседателот на Анкарагучу го удри судијата во лице, поради што Мелер падна на тревникот и почнаа да го клоцаат.
Во турското првенство 2023/24, Анкарагучу по 15 кола е на 11. место со 18 бодови, Ризеспор е на 8. позиција со 22 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.