Ни следуваат најважните битки, а ние сме Вардаровото најсилно оружје. Затоа читај и запомни – ВАЖНО Е ДА ДОЈДЕШ!, порачаа Комити најавувајќи го враќањето на скопскиот клуб на Градскиот стадион во Скопје.

Од фудбалскиот клуб Вардар, пак, по тој повод денеска ја промовираа песната „Гордоста на градот“, во чиј видеоспот се прикажани моменти од историјата на клубот.

Песната е создадена со заеднички ангажман на членови на неколку музички бендови, кои на сопствен-оригинален начин, ја искажаа својата приврзаност кон Вардар и црвено-црните бои.

 

Во името на клубот се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во креирањето на песната и спотот. Се надеваме дека ќе уживате! И не заборавајте…во недела се гледаме на Градски!, порачаа од клубот, најавувајќи повеќе информации набргу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.