Македонија е поразена минимално со 0-1 во натпреварот од Лигата на нации.
Македонија создаваше шанси но ни фалеше завршница. Во поголем дел од мечот се прескокнуваше средниот ред и со долги топки се сакаше да се дојде до напаѓачите.
За разлика од нас, Бугарија знаеше што сака и со затворена игра и контри лесно доаѓаше до голот на Димитриевски.
Македонија со овој пораз го зазеде третото место во групата на Лигата на нации со што квалификациите за ЕУРО најверојатно ќе ги чекаме од четвртиот шешир.
Најголема штета за овој пораз е за прекрасната публика која со сите сили ја бодреше македонската репрезентација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.