Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 14 јуни пред 36 години стана шампион на Југославија.

Вардар стана единствен клуб од Македонија што ја освои титулата во Југославија. Тимот на легендата Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски освои 38 бодови, односно еден бод повеќе од Партизан. За Вардар тогаш играа Панчев, Рингов, Џипунов, Аврамовски, Грошев, Савески, Канатларовски, Јаневски…..

Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 дури 10 тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која што потоа беше повлечена и по судски пат со помош на популарниот Шајбер титулата му беше доделена на Партизан.

Меѓутоа, како признание за освоената титула Вардар беше потврден како шампион од страна на УЕФА и доби прилика да се натпреварува во Купот на европските шампиони.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.