Ајакс денеска излезе со ново соопштение за состојбата на легендарниот Едвин ван дер Сар, славниот голман останува на интензивна нега, состојбата е стабилна, но сѐ уште загрижувачка.

За време на одморот во Хрватска, на Ван дер Сар ненадејно му се слошило по што итно бил пренесен во болница во Сплит. Било утврдено дека имал крварење во мозокот.

Несреќниот момент се случил вчера, Ајакс информираше за случајот, а сега сподели ново соопштение.

„Едвин Ван Дер Сар останува на интензивна нега. Неговата состојба е стабилна, но сепак загрижувачка. Ајакс ја споделува оваа информација во име на Анемари Ван Дер Сар, сопругата на Едвин. Семејството на Ван Дер Сар, заедно со Ајакс како клуб, се благодарни и длабоко трогнати од многуте пораки за поддршка кои пристигнуваат“, пишува во денешното соопштение на Ајакс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.