Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Жоржињо Вајналдум, откри дека не планира да го напушти тимот во скоро време.

Во англиските медиуми беше објавено дека играчот би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал или Тотенхем.

Вајналдум изјави дека се уште се адаптира во францускиот клуб, во кој се приклучи во летото 2021 година.

– Мојата интеграција помина добро. Пристигнав во нов клуб и лига. Секој ден учам нешто ново од моите соиграчи и членови на тимот. Учам француски, тоа е важно за адаптација, изјави Вајналдум на официјалниот канал ПСЖ.

Оваа сезона, Вајналдум одигра 18 натпревари за ПСЖ во Лига 1, од кои девет ги започна како стартер. Фудбалерот постигна еден гол и даде две асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.