По вчерашната елиминација на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, бројот на македонски екипи на европската клупска сцена се преполови на две пред жрепката за третото коло во Конференциската лига на која в понеделник Струга и Шкупи ќе ги дознаат можните противници.
Шкендија синоќа во Кардиф претрпе сензационална елиминација во првото квалификациско коло во Конференциската лига од велшки Хаверфордвест, додека Македонија ЃП беше елиминирана од летонска Рига.
По триумфот пред една недела во Скопје од 1-0, Шкендија со идентичен резултат загуби на реваншот во Кардиф, а велшкиот тим беше поуспешен при изведувањето пенали со 3-2.
Претходно Македонија ЃП загуби на реваншот во Рига со 4-1 и со вкупен резултат од 5-1 го заврши настапот сезонава на европската сцена.
Настапот во најмладото европско клупско натпреварување го продолжуваат шампионот Струга која в среда во Охрид го пречекува црногорски Будуќност, додека Шкупи в четврток во Скопје ќе биде домаќин на првиот натпревар против бугарски Левски.
Жрепката за третото коло во Лигата на конференции е закажана за в понеделник во седиштетот на УЕФА во Нион од 14 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.