УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство. Како што објави „Скај њуз“, УЕФА ја разгледала можноста за зголемување на бројот на учесници на 32 земји, но одлучила да го задржи форматот со 24 репрезентации.

Организацијата смета дека обезбедувањето дополнителни места ќе го девалвира квалификацискиот циклус на турнирот, што ќе ги направи натпреварите помалку атрактивни и ќе бара ревизија на форматот.

За денеска во 12 часот е закажана ждрепката за квалификациите за Еуро 2024 година, а македонската фудбалска репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.