УЕФА ги повика фудбалските судии пред почетокот на групната фаза во европските клупски натпреварувања построго да реагираат при приговори од фудбалерите на судиските одлуки и симулирање на теренот.

Такви сцени не сакаме да гледаме на натпреварите. Мораме да го чуваме својот углед бидејќи одредени облици на однесување на теренот и на клупата се непримерни – порача шефот на судиската организација во УЕФА Роберто Росети.

Тој најави дека судиите ќе ги санкционираат со картони фудбалерите кои театрално симулираат прекршок, а построго ќе се казнува и повлекување на противнички играч за дресот.

Тоа едноставно не е спортски – додаде првиот човек на судиската организација во УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.