Финалето на ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, кое требаше да започне во 21 часот, па почетокот беше одложен за 21 и 15 поради проблеми со навивачите на Ливерпул на влезовите од стадионот, нема да започне пред 21 и 45 часот.

На стадионот беше најавено дека натпреварот ќе започне во 21 и 30, но според настаните тоа нема да се случи бидејќи веќе е технички невозможно за неколку минути играчите да се врата во соблекувалните и официјално да излезат на теренот со судиите по што следи процедурата за почеток на натпреварот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.