Реал Мадрид и Монако се постигнале договор за трансфер за францускиот репрезентатовец, Орелијан Чуамени.

Според „The ​​Athletic“, станува збор за усмен договор со кој би се затворил трансферот во цифра поголема од 100 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Според информацијата, сега останува да се доврши документацијата и штом се заверат потписите на договорот, тој ќе биде презентиран како нов играч на Реал Мадрид.

Францускиот фудбалер од средниот ред, на тој начин ќе стане второ засилување за новиот европски шампион, по германскиот стопер, Антонио Рудигер, кој како слободен фудбалер дојде од Челзи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.