Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос ќе одлучува за својата иднина по завршувањето на претстојната сезона.
Според шпански „АС“, 32-годишниот играч од средниот ред ја одбил понудата на мадридскиот клуб за продолжување на договорот кој е со важност до 30 јуни 2023 година.
Како што пишува шпанскиот весник, Германецот ќе види како се чувствува на физички и мотивациски план пред да одлучи дали ќе игра уште некоја сезона за Реал Мадрид или ќе ја заврши кариерата.
Крос минатата сезона постигна три гола и имаше три асистенции на 44 настапи за „Кралевите“ во сите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.