Италијанскиот спортски новинар и писател, Федерико Буфа, во една од своите емисии, објави еден податок, познат за малкумина луѓе ширум светот.

Иако Зинедин Зидан е еден од најславните фудбалери во историјата, Буфа го соопшти неговото вистинско име, кое гласи Заџид Алдид Ал Јазид.

Тоа што е познато за Зидан е дека е по потекло од Алжир, а израснал во сиромашно семејство. Неговиот татко Смаил бил негов ноќен чувар и магационер, а мајка му Малика била домаќинка.

Имам афинитет кон арапскиот свет. Го имам во крвта, преку моите родители. Многу сум горд што сум Французин, но исто така сум многу горд на моите корени и различности – изјави Зидан во една пригода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.