Германскиот фудбалски стручњак, Томас Тухел доби отказ од Челзи. Лондонскиот клуб преку својата веб-страница соопшти за прекинот на соработката со Тухел.

Во име на сите во ФК Челзи, сакаме да ја изразиме својата благодарност до Томас и неговиот персонал за сите нивни напори за време на нивниот престој во клубот. Томас со право ќе има место во историјата на Челзи по освојувањето на Лигата на шампионите, Суперкупот и Светското клупско првенство во своето време овде. Со оглед на тоа што новата сопственичка група наполни 100 дена од преземањето на клубот, и како што продолжува со својата напорна работа да го подигне клубот напред, новите сопственици веруваат дека е вистинско време да се направи оваа транзиција. Тренерскиот штаб на Челзи ќе го преземе тимот за тренинзи и подготовка на нашите претстојни натпревари, бидејќи клубот брзо се движи кон назначување на нов главен тренер. Нема да има дополнителни коментари додека не се назначи нов тренер – стои во објавата на Челзи.

„Сините“ од Лондон загубија од Динамо Загреб со 1:0 во првото коло од Лигата на шампионите.

Во Премиер лигата, Челзи по шест кола има три победи, еден нерешен резултат и два пораза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.