Шпанскиот фудбал е завиен во црно, откако една од најголемите легенди, Луис Суарез Мирамонтес почина утрово на 88-годишна возраст.
Суарез починал по кратко боледување и оваа вест прв ја објави Интер, а потоа и сите шпански медиуми.
Мирамонтес ја освои шпанската јавност поради наследството кое го остави како фудбалер, но и слеектор на репрезентацијата на Шпанија од 1988 до 1991 година.
Поранешниот фудбалер е роден во Ла Коруња и ја почна кариерата во Депортиво, а потоа шест години помина во Барселона и ја освои „Златната топка“, а кариерата ја завршува во Италија, каде што игра за Интер и Сампдорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.