Руските фудбалски екипи нема да можат да настапуваат во европските купови оваа сезона, пресуди Судот за спортска арбитража (ЦАС) со седиште во Лозана.

Русите претходно до судот во Лозана вложија жалба на одлуките на УЕФА и ФИФА, кои ги суспендираа руските екипи и национални селекции поради војната во Украина, но судот ја потврди одлуката на двете водечки фудбалски тела.

Судот во Лозана во периодот што следи ќе одлучува по жалбите на руските федерации во другите спортови, бидејќи голем број меѓународни асоцијации го следеа примерот на УЕФА и ФИФА и ги суспендираа натпреварувачите од Русија поради војната во Украина, што почна на 24 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.