Неверојатна сцена се одиграла на главната улица во Доха која наликува на судир на две цивилизации, пишува „Курир.рс“.

Две жени, едната облечена според современите стандарди на современиот западен свет, со истакнати гради и горен дел, другата во традиционална облека под која само и се гледаат очите.

И двете се на приближна возраст, не повеќе од 35 години. Првата е Аргентинка, чии раце покажуваат дека никогаш во животот не земала нешто потешко од лажица. Втората е Катаранка, која ги фарба женските раце со кна.

Што е кна

Сликањето со кна е традиција во арапскиот свет. Така, жените ги бојат рацете како дел од ритуалот на предците што треба да им донесе среќа пред свадбената церемонија. Според традицијата тетоважите претставуваат магија која служи за да ги заштити од магии и да им обезбеди среќа и плодност во нивниот нов дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.