Шок и неверување провејува во извештаите на германските медиуми по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство во Катар, а дел од вината му ја препишуваат на селекторот Ханси Флик
Германија го заврши настапот на Мундијалот како третопласирана во групата Е зад Јапонија и Шпанија, и покрај вчерашната победа над Костарика (4-2).
„Каква срамота! Елиминирани сме“, објави на насловната страница најтиражниот германски весник „Билд“, потсетувајќи дека Германија втор Мундијал по ред не ја минува групната фаза.
„Срамно загубивме од Јапонија, одигравме нерешено против Шпанија и потоа ја победивме Костарика“, пренесува „Билд“.
„Готово е, готово. Германија испадна од СП“, пишува „Спорт1“, додека „Кикер“ наведува дека елиминацијата ги шокирала избраниците на Флик.
„Дојче веле“ истакнува дека ова било горко СП за Германија.
„Победата на Германија над Костарика остана бесмислена“, наведува „Дојче веле“.
Според „Спортшсау“ главен виновник за елиминацијата на Германија е селекторот Флик.
„Совршена бламажа – германската репрезентација се враќа дома. Втор пат од 2014 година Германците испаднаа во групната фаза на СП“, наведува истиот извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.