Големиот германски синџир на супермаркети Реве одлучи да ја прекине соработката со Фудбалската федерација на Германија (DFB), поради прифаќањето на забраната од ФИФА за носење капитенски ленти на Светското првенство во Катар во боите на виножито.
Германската компанија, како што порача нејзиниот директор Лионел Суке, се дистанцира од одлуката на ФИФА да им забрани на фудбалерите да носат капитенски ленти со натписот „Една љубов“.
Ние се залагаме за диверзитет, а и фудбалот е диверзитет. Ставот на ФИФА е скандалозен за мене како директор на една шаренолика компанија и како навивач. Целосно неприфатлива, рече Суке.
Германија беше една од седумте европски репрезентации кои најавија дека нивните капитени ќе носат лента со натписот „Една љубов“, но се повлече од намерата по заканите од ФИФА за санкции со жолти картони за играчите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.