Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0.

Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим.

За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во последното коло со Хрватска.

Хрватите од 17 часот ќе се сретнат со Канада.

На табелата во Г-групата лидер е Мароко со 4 бода од два натпревара, Белгија има 3 исто така од две средби, Хрватска е трета со 1 бод од еден натпревар, Канада е последна без освоен бод исто така од еден натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.