Манчестер сити ќе добијат рекордна награда за освојување на Премиер лигата. „Граѓаните“ ќе заработат 165,7 милиони фунти, пишува „Дејли мејл“.

 

Во сумата се вклучени договори за преноси во Англија и странство, позиција на табелата, дел од профитот и чести настапи на британската телевизија во живо. Вкупниот награден фонд за сезоната за 20 клубови изнесува 2,6 милијарди фунти.

 

Кога стана шампион минатата сезона Манчестер сити заработи 153 милиони фунти.

 

Тимот на Хосеп Гвардиола трет пат по ред и деветти пат во историјата стана шампион на Англија. На 10 јуни Манчестер сити ќе игра против Интер во финалето на Лигата на шампионите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.