Фудбалерите на бразилската репрезентација по поразот од Хрватска не можеа да ги скријат солзите и разочарувањето.

На Нејмар не му се веруваше како од речиси пласирани во полуфиналето, „кариоките“ на крајот останаа со празни раце.

Во еден момент синот на Иван Перишиќ  истрча и му подаде рака, а Нејмар го гушна и го бакна во глава.


Во полуфиналето на Мундијалот во Катар, Хрватска ќе игра со победникот од мечот меѓу Холандија и Аргентина, кој се игра вечерва во 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.