Tренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека никогаш не бил опседнат со желбата да ја освои Лигата на шампионите.
– Не сум опседнат со освојување на Лигата на шампионите. Овој тим никогаш не го освоил овој турнир. Но, јас не сум тука поради тоа. За нас е радост само што учествуваме на овој турнир. Знаеме колку е тешко. Не се чувствувам опседнато бидејќи да се биде опседнат со било што е лошо. Го гледам освојувањето на Лигата на шампионите како илузија, што е добро. На крајот на краиштата, секој има илузии, изјави Симеоне.
Клубот од Мадрид, предводен од Шпанецот, двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде што двапати загуби од Реал Мадрид.
На 28 ноември Атлетико Мадрид ќе игра против Феенорд во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Симеоне води во групата Е со 8 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.