Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен е заинтересиран за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Според „Sport1“, Баерн се сомнева во изводливоста на трансферот на 24-годишниот Французин поради неговата висока плата, но неговото име неколкупати се појавува во разговорите со раководството на Минхен. Од клубот не ја исклучуваат можноста да влезат во трката за бесплатно да го потпишат играчот.

Претходно, тренерот на Баерн, Томас Тухел на шега изјави дека ќе го донесе Мбапе во Минхен на велосипед доколку напаѓачот на ПСЖ се согласи на трансферот.

Договорот на Мбапе со парижаните истекува следното лето. По ова францускиот фудбалер ќе биде на слободниот трансфер пазар. .

Во тековната сезона, Мбапе одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 голови и една асистенција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.