Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се произнесе за неговиот аплауз за паѓањето на играчите на Манчестер сити.

– Не, не им аплаудирав на легнатите играчи на Сити, туку им аплаудирав на нашите навивачите кои ги ценат напорите на тимот. Како да не им аплаудирам на таквите луѓе? Немам што да кажам за фудбалерите на Манчестер сити кои често лежеа по теренот за да „украдат“ од времето. Има судија кој ги следи правилата. Треба да му честитаме на противникот, кој оди понатаму, бидејќи постигна еден гол повеќе од нас, изјави Симеоне, за „Marca“.

Средбата во Мадрид по голема борба заврши нерешено 0:0. Во првиот натпревар Манчестер сити победи со минимален резултат 1:0, па се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Следен противник на англискиот тим ќе биде Реал Мадрид кој го елиминира Челзи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.