Раководството на македонскиот фудбалски шампион Шкупи денес одлучи да ја прекине соработката со тренерот Гоце Седлоски. Ова е втор отказ за поранешниот македонски репрезентативец кој на тимот од Чаир минатата година му ја донесе титулата, прва по „ерата“ на Слога Југомагнат.

 

Седлоски еднаш беше отпуштен во есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.

 

Информацијата за разделбата со Седлоски, Шкупи се очекува официјално да ја потврди попладнево



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.