Македонскиот фудбалски шампион има можност во квалификациите за Лигата на шампионите да игра против хрватскиот шампион и еден од најголемите клубови на овие простори, Динамо Загреб.

Токму „модрите“ од Загреб ќе бидат противници на Шкупи во второто квалификациско коло на победникот од двомечот во кој Шкупи игра против шампионот на Гибралтар, екипата на Линколн.

Првиот натпревар против Гибралтарците ќе се игра на 5 или 6 јули во Скопје, додека реваншот ќе биде на 12 или 13 јули на теренот на Линколн.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.