Светот вечерва го обиколи тажната вест за смртта на 82-годишниот Пеле, кој од лани се лекуваше од рак на дебелото црево и реакциите се единствени: замина еден од најголемите во историјата на фудбалот, ако не и најголемиот.

Семејството на Пеле со емотивна порака ја соопшти веста и се прости од фудбалерот.

Инспирацијата и љубовта го одбележаа патот на кралот Пеле, кој денеска почина во мир. На тој пат, Едсон го маѓепса светот со својот атлетски гениј, запре една војна, се занимаваше со социјална работа низ светот и го ширеше она што тој веруваше дека е најголемиот лек за сите наши проблеми: љубовта. Неговата порака денес станува наследство за идните генерации. Љубов, љубов и љубов засекогаш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.