На граничниот премин Ќафасан, денеска околу 08.20 часот при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје.

Како што информираа од МВР, тој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство  на 27.07.2023 извршено на ул.„Цветан Димов” во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје  ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.