Претставници на ФИФА и на Организацискиот одбор на Светското првенство во 2026 година, задолжени за клучните оперативни подрачја, почнаа со посети на градовите домаќини на натпреварите од Мундијалот.
Прва станица на нивната турнеја беше Мајами, а во план е обиколка на сите 16 градови домаќини на Мундијалот кој во 2026 година заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико.
Како што јави шпанската новинска агенција ЕФЕ, во фокусот на претставниците на ФИФА на претстојните посети ќе бидат прашањата поврзани со јавниот транспорт, управувањето со стадионите, приоритетните услуги и одржувањето на терените.
Обиколката на градовите домаќини ќе биде поделена во два дела, а за неколку недели ќе заврши со посета на Ванкувер.
На Мундијалот 2026, првпат во историјата, ќе настапат 48 репрезентации, а ќе бидат одиграни рекордни 104 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.