Челниците на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад се подготвени да му платат на премиерлигашот Ливерпул 150 милиони евра за услугите на египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, јавија денеска британските медиуми.

Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, но раководството на Ливерпул повеќе пати демантираше дека планира да го продаде египетскиот фудбалер.

Извори блиски до преговорите тврдат дека Ал Итихад е подготвен да му плати на Ливерпул загарантирана сума од 108 милиони евра, а англискиот клуб преку дополнителни бонуси би можел да добие уште 54 милиони евра.

Салах (31) дојде во Ливерпул во 2017 година од Рома и за англискиот клуб досега одигра 307 натпревари на кои постигна 187 голови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.