Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец, Пол Погба, ќе мора да го оперира менискусот на десното колено, поради што ќе биде надвор од теренот најмалку четири месеци, пренесуваат италијанските медиуми.
Погба се повреди претходно оваа недела за време на тренинг од претсезонските подготовки на Јувентус во САД.
Поради повредата, Погба ќе мора да го пропушти и претстојното Светско првенство, коешто ќе се игра во ноември и декември во Катар и нема да се враќа на теренот до крајот на оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.