Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, не сака да го напушти англискиот фудбалски гигант, изјави неговиот менаџер, Рами Абас Иса.
Доколку разгледувавме заминување од Ливерпул оваа година, немаше да го обновиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, објави Иса на социјалните мрежи.
Саудискиот прволигаш, Ал Итихад претходно објави дека сака да го ангажира египетскиот напаѓач во своите редови и според локалните медиуми за двегодишен договор понуди 51.8 милиони фунти.
Салах (31) дојде во Ливерпул во 2017 година и минатото лето се обврза на верност кон клубот до лето 2025.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.