Англискиот прволигаш Челзи оваа недела ќе испрати нова понуда за услугите на фудбалерот на Брајтон, Мозес Каиседо. Првичната понуда на Челзи за еквадорскиот репрезентативец изнесуваше 80 милиони фунти што беше одбиено, а Брајтон својот играч го проценува на 100 милиони фунти.

Телевизијата „Скај“, пренесува изјава на тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби, кој вели дека иднината на Еквадорецот во неговиот сегашен клуб е неизвесна.

Паралелно со овој трансфер, Челзи настојува да се засили во летниот преоден рок и со играчот за врска на Саутемптон, Ромео Лавија, за чии услуги Саутемптон веќе одби две понуди кои пристигнаа од Ливерпул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.