Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сумираше впечатоците од натпреварот од 16. коло на Премиер лигата против Вулверхемптон (2:0).

– Им благодарам на навивачите за поддршката и за начинот на кој помогнаа да се трансформира овој клуб, благодарам на сите за енергијата. Навивачите треба да уживаат поради нашите настапи во Премиер лигата. Покажавме различно ниво на зрелост. Во првите 20-30 минути се мачевме да го скршиме стилот на игра на Вулвс. Бевме многу подобри во вториот дел, бевме малку похрабри, ризикувавме, но не му дозволивме на противникот да не изненади. Нашиот тимски дух е неверојатен – без таков пристап немаше да бидеме на позицијата на која се наоѓаме. Играчите растат од ден на ден, изјави Артета за британските медиуми.

Арсенал со 37 бодови од 14 натпревари е на првото место во англиската Премиер лига, пред Манчестер сити кој заостанува пет бода



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.