Ѕвездата на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо е убеден во триумф над Македонија во утрешниот финален бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар. Португалија во финалето се пласира по победата над Турција 3-1 а Македонија славеше во Палермо над Италија со 1-0 со голот на Александар Трајковски во 92. минута.

Утрешниот натпревар за нас е финале и ние сме подготвени. Дали сме фаворити? Не го разбирам ова прашање бидејќи отсекогаш сум сметал дека ние сме фаворити за секој натпревар без разлика дали го играме дома или на гости. Знаеме дека победа нѐ носи на СП во Катар и имаме одговорност да триумфираме – изјави Роналдо.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед смета дека Македонија изненади си победата над Италија во полуфиналето од баражот.

Македонците изненадија во баражот, но тие изненадија и на други натпревари во минатото. Сепак, убеден сум дека утре нема да нѐ изненадат, Португалија ќе победи и ќе играме на СП – додаде Роналдо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.