Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се осврна на работата на тренерот Ралф Рангник.

Тој пристигна пред пет недели и многу промени. Но, му треба време да ги пренесе своите идеи до играчите. За ова е потребно време. Сепак, верувам дека добро ќе ја заврши работата. Знаеме дека не играме најдобар фудбал, но имаме многу натпревари за да ја подобриме ситуацијата. Мислам дека со неговото доаѓање во некои елементи почнавме да играме подобро. Не е така лесно да се смени менталитетот на играчите и начинот на игра, системот. Верувам дека ќе заврши добра работа, изјави 36-годишниот Португалец.

Манчестер јунајтед е 7-ми на табелата во Премиер лигата со 31 бод на 19 натпревари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.