Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово поради однесувањето на навивачите за време на петочниот натпреварот од Лигата на нации, јавува „Би-би-си“.
Фудбалската федерација на Косово (ФФК) на крајот од средбата ги обвини романските навивачи за дискриминација, поради што нивните фудбалери биле принудени да го напуштат теренот во Букурешт. Романските навивачи скандираа „Косово е Србија“.
Како одговор, Романската фудбалска федерација (ФРФ) соопшти дека немало расистички скандирања за време на натпреварот.
Репрезентацијата на Романија, без овој натпревар, се наоѓа на првото место во групата 2 од Лигата Ц, со 12 бода. Косово е на второто место со 9 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.