Фудбалскиот клуб Рома во соопштение за јавноста застана во одбрана на своите играчи Никола Залевски и Стефан Ел Шарави, за кои кружат гласини за можна вмешаност во аферата спортско обложување која го тресе италијанскиот фудбал.

„Во однос на индискрециите емитувани последните денови во врска со наводната вмешаност на некои наши играчи во аферата спортско обложување, АС Рома им дава целосна поддршка на Никола Залевски и Стефан Ел Шарави“, соопшти италијанскиот прволигаш.

Според Рома, двајцата фудбалери се „жртви на константни гласини која неправедно негативно влијаат на нивниот углед“.

„Клубот има целосна доверба во Никола и Стефан кога обајцата тврдат дека немаат каква и да е врска со овој случај“, се додава во соопштението на римскиот клуб.

Италијанското правосудство неколку недели истражуваше тајни платформи за спортско обложување и откри дека, наводно, повеќе од 40 фудбалери илегално се обложувале



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.