Реал Мадрид синоќа ја победи Осасуна со 2:1 во финалето на Купот на Кралот. Головите за Реал ги постигна Бразилецот Родриго (2. и 70. минута), додека Торо во 58. минута погоди за Осасуна.

За Реал Мадрид ова беше 20. Трофеј во националниот куп.

Воедно, Реал стана првиот шпански клуб кој освоил 100 трофеи во својата историја. Покрај шпанскиот куп, 35 пати го освоил националниот шампионат, 14 пати Лигата на шампионите, 12 пати Суперкупот, пет пати Светското клупско првенство, два пати Купот на УЕФА, пет пати европскиот Суперкуп, латинскиот Куп два пати, Интерконтиненталниот куп три пати, еднаш Куп Ева Дуарте и еднаш Лига Куп на Шпанија.

Во светот, Реал Мадрид е на четвртото место по освоени трофеи. Пред него се Селтик (113 титули), Ал Ахли (114) и Ренџерс (116).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.