Реал Мадрид замина во Хелсинки на мечот со Ајнтрахт за Суперкупот на УЕФА. Главниот тренер на Мадрид, Карло Анчелоти вклучи 25 играчи на списокот кои ќе конкурираат за натпреварот. Тука се и новодојдените во клубот – дефанзивецот Антонио Рудигер и играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени.
Од друга страна, Ајнтрахт Франкфурт објави дека офанзивниот играч за врска Филип Костиќ нема да учествува на натпреварот. Србинот се договори за трансфер во Јувентус.
Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт ќе играат во Хелсинки на 10 август. Натпреварот започнува во 21 часот.
За прв пат на ова ниво во натпревар под покровителство на УЕФА ќе се користи полуавтоматски систем за определување офсајд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.