Барселона е подготвена да го продаде напаѓачот Усман Дембеле на Пари Сен-Жермен пред затворањето на зимскиот преоден рок.

Според „RAC1“, каталонскиот клуб се согласил на трансферот на 24-годишниот Французин без зделката да опфаќа фудбалери на ПСЖ, вклучувајќи го и напаѓачот Мауро Икарди.

Дембеле оваа сезона за Барселона на 11 натпревари постигна еден гол и имаше две асистенции. Договорот на напаѓачот со каталонскиот клуб е до 30 јуни 2022 година.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Французинот на 30 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Барселона за Дембеле барала 20 милиони евра од ПСЖ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.